А да се погледнеш себе си Груевски Никола?

А да се погледнеш себе си Груевски Никола?

Е мој Никола!

Повеќепати сум напишал и сум кажувал дека ти дојде до изворот, ама вода не се напи! Ти си единствен Македонец што имаше шанса да станеш Национален лидер, ама “оро“ стратегијата еден-чекор-напред-три-назад те однесе во Будимпешта. Инсистирањето на сите-се-криви, само-ти-не, те отстрани од Македонската политичка сцена засекогаш.

Си се распишал вчера доцна попладне во твојот препознатлив “чаршаф“ стил.

За твоја жал, а заради тоа што текстовите ти се предолги и нечитливи, порталите што те пренесоа како главна поента го земаа делот од точка 2, алинеја 6, која се однесува на твојата женидба (по трет пат).

За разлика од тие скромноумни пишувачи (тешко дека се новинари) во таквите портали, мене главен впечаток ми оставија две работи:

Прво, делот од точка 1, втор пасус каде велиш “под претпоставка дека опозицијата ќе понуди квалитетна програма, кадар и кампања…“!!! Се сомневаш ли во Христијан Мицкоски, Александар Николоски, ВМРО ДПМНЕ дека нема да понудат квалитетна програма, кадар и кампања?! Јас си мислев дека тоа не е претпоставка, значи мож-да-буде-ал-и-не-мора, туку дека Партијата со сигурност би понудила добитна програма, кадри и кампања! Се сомневш ли во сопствениот кадровски избор? Пак?!

И, второ, првата реченица од точка 2 која гласи “Лажните вести и генерално лажењето, станаа национален спорт во земјата“.

Во овој дел, драг мој Никола, се жалиш од медиуми, новинари, лажни вести… Дури велиш и “За докази, аргументи, факти веќе никој не ни помислува“.

Се согласувам со тебе, потполно. Но, сепак, тоа се само портали со луѓе кои пишуваат без никаква одговорност борејки се за својата егзистенција преку сензационализам и употреба на имињата на познати личности. Тие не се бирани од никого и не одговараат никому. Од друга страна, ти си политичар што народот го бирал, а со самото тоа си одговорен пред сите нас. Да те потсетам, на конференцијата во Александар палас организирана од тогашниот твој министер Иво Ивановски, Мирка Велиновска и јас побаравме лиценцирање на новинарите. Одвојување на новинарите од пропагандистите. Твојот министер, неговото министерство, твојта влада и ти тоа го одбивте. Сега ќе мора да се живее со тие “придобивки“ од тоа дека секоја шуша се нарекува себе си новинар.

Од сите твоие Будимпештански писма кон нас Македонците, ми личат на писмата на Наполеон кон Жозефина, никогаш не прочитав една дума самокритика?! Барем еднаш да си бил грешка!!!

А велиш “Лажните вести и генерално лажењето, станаа национален спорт во земјата“,  бараш  “…докази, аргументи, факти…“?!

Еве, јас, да ти покажам што сметам дека е генерално лажење, а тоа ќе го направам со докази, аргументи и факти.

За да не е “чаршав“ текстот како твоите што се, еве само еден пример:

Прогласот што ти ги прочита пред ДИК декември месец пред три години. Во него велиш и ветуваш дека:

  1. Нема да дозволиме Заев да формира влада (Заев формираше влада).
  2. Државата мора суверено да ги носи одлуките (не ги носи, напротив беше и остана колонија).
  3. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи понатамошно мешање на амбасадори во внатрешно политичките прашања на земјата (ова ми е најсмешно од сите, мора да признаам).
  4. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати и нема да дозволи кантонизација и редефинирање на државата под било какви услови (ова да ти го објаснувам, или и сам си знаеш).
  5. Ќе се бориме за десоросоизација и јакнење на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола (СТОП Операција Сорос до каде е? Да го прашам ли Србов или Чилимианов или Мирчевски?)

Па така, како ти се чинат овие аргумент, факти и докази за генералново лажење? Еве ти и видео, да си се потсетиш:

Ниту една од 5-те точки на прогласов не биднаа?! Факт, нели? Лажење, нели?

Можам вака да те потсетувам до бесвест. Сепак ќе се задржам на сегашноста бидејки велиш: “Најголем предизвик и најголем ризик на следните избори за опозицијата ќе биде да се спречат изборните измами кои власта со сигурност ќе се обиде да ги направи“!

Драг мој Никола, нели се чуствуваш директно одговорен, односно за најголем кривец, што сме доведени во ситуација да имаме ваква власт? Нели се чуствуваш виновен што:

  1. Ја напушти Премиерската функција и ја пополни владата со кадри на СДСМ (Ременски, Спасовски, Наумов, Николовски…)?
  2. Ги одложуваше на два пати термните за вонредни избори (април и јуни), овозможувајки доволно време за сценариото на Џес Бејли да се оствари во Декември?
  3. Преговараше и договараше во Пржино противзаконски и спротивно на Уставот?
  4. Највлијателниот твој кадар Никола Нино СМРТ Тодоров е сега најголемиот сојузник на Зоран Заев и Дејвид Стивенсон (твоите гробари)?

Натаму, нели сметаш дека треба ДА МУ СЕ ИЗВИНИШ на Македонскиот народ и да ПОБАРАШ ПРОШКА од истиот, оти твојата очајна, глупа, калкулантска и непрофесионална кадровска политика доведе до овие лајна во кои сме сега? Да се извиниш за следниве кадровски решенија што директно придонесоа да дојде до Тиранска платформа, Бугарски договор, договорот од Нивице, преименување на земјава, губење на комплетен идентитет:

  1. Да се извиниш за Коалиција со Лиле Зелена Поповска, Павле Џандар Трајанов, Амди Циган Бајрам, Стефче Подржикоњ Јакимовски?
  2. Да се извинш за тоа што во пратеничките клупи ги стави Чедо Саздовски, оној циганот од Гостивар, Панчо Минов, Владанка Авировиќ?
  3. Да се извиниш за селектирањето на пратениците: Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубе Арнаудов, Нола Исмаиловска, Емилија Александрова и Елизабета Камчевска Милевска?
  4. Да се извиниш што на СДСМ му донесе пратеници (Амди, Чедо, Панчо, Павле, Лиле, 8-темината…) со гласовите на ВМРО-вското гласачко тело? Што ги излажа гласачите на твојата партија за да гласаат за пратеници што се на страната на Заев и Таљат?

Ако толку инсистираш на доблест, чесност – човечки би било да се извиниш и да објасниш ШТО (КОЈ) ТЕ НАТЕРА на овие кадровски решенија со кои ти директно учествуваше во рушење на државата и упокојување на нацијата?

И, да не заборавам, ДА ИМ СЕ ИЗВИНИШ ЛИЧНО на сите замандалени со децениски затворски казни за “27-ми“, затоа што беше избеган и скриен на иссилуван и непотребен состанок во Виена, само за да можеш од безбедно да командуваш со операцијата, а потоа на готово да си се вратиш. Нивното злопатење, оди кај тебе на душа.

Велиш и прашуваш “Болест ли е, интерес ли е, или незрелост, или собирање кликови и зголемување читаност, или злоба и фрустрација од лична нереализираност, или некој мислат дека вака се води политика и се добива доверба, или се заедно“?! Еве, прочитај ги точкиве погоре наброени, па самоевалуирај се? Што е со тебе? Болест ли е, така ли се води политика, фрустрација ли е, незрелост ли е? Што и да е, твое е.

Крајно, велиш “Каква држава станавме“? Па, драг мој Никола, станавме таква држава во која ти, и твојот мајстор за сачекуши Никола Попоски, им оставивте на тацна на СДСМ 20 амбасадорски и стотина дипломатски празни места по амбасадите и козулатите на Македонија низ светот, што сега комуњарите ги пополнуваат со имбецили какви што се Сашо Тодорвски (сопруг на Мирјана Најчевска), Дане Талески или шиптари што си ја одработуваат албанската агенда, а ги плаќаат граѓаните на Македонија!

 

Биди така,

Твој Миленко

 

17.11.19